Волкановски бара реванш против Топурија, а Шпанецот сака преселба во категоријата кај Махачев

Поранешниот УФЦ шампион во перолесна категорија, Александар Волкановски, проговори за можниот реванш против Шпанецот Илија Топурија. Нашинецот во февруари 2024 година претрпе пораз со нокаут од Топурија, а после тоа, Шпанецот со грузиско потекло го нокаутираше и Макс Холовеј и се загледа со Волкановски, ветувајќи му дека ќе му даде реванш.

Топурија подоцна изјави дека сака нов предизвик и претпочита да се искачи во лесна категорија и да се бори против Ислам Махачев.

„УФЦ вели дека заслужувам да се борам за појасот. Ја бараме најдобрата опција, се земаат во предвид желбите на сите страни. Ако Топурија се пресели во лесна, имам намера да се борам за слободниот појас во перолесна. Јас лично би сакал да му се реванширам ​​на Топурија. Би било гадно ако отиде кај Махачев. Но, тоа не зависи од мене“, вели Волкановски.

- Оглас -

Најнови вести