Вечерва после полноќ во НБА лигата се играат дури 11 натпревари, а во Sport Life имате понуда и од речиси 100 кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.
Мемфис, Денвер и Бруклин одат по четвртата победа по ред, Оклахома Сити тандер кој е единствен тим со помалку од 10 порази, против Феникс ќе се обиде да се зацверсти на првата позиција на Западот, а незгодно гостување кај Детроит има лидерот на Истокот, Кливленд.
Се очекуваат и дебијата на Зек Лавин за Сакраменто и на Де‘Арон Фокс за Сан Антонио.
Од пребогатата понудат за играчи, над 30 поени се бараат од неколку поединци како Јанис Адетокумбо, Тајрис Макси, Ентони Едвардс и Шај Гилџиус-Александер. Вечерва ќе играат и Кари, Јокиќ, Букер, Тре Јанг, Вембањама, Лилард, Мичел, и уште многу на кои може да типувате дали ќе дадат повеќе или помалку поени од зададената граница.