Мечот од Серија А кој започна пред два месеца ќе се доигра вечерва

Фиорентина и Интер вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца треба да го доиграат мечот од 14-тото коло на италијанската Серија А. Овој дуел започна на 1 декември минатата година, но беше прекинат само по 17 минути игра.

Ненадејно на теренот падна Едоардо Бове, па веднаш мораше да реагираат лекарите од Брзата помош. Фудбалерот на Фиорентина доживеа срцев удар и веднаш беше пренесен во болница, а поради доживеаниот шок, фудбалерите едноставно тогаш не можеа да го продолжат мечот.

За среќа, Бове брзо закрепна, но уште се нема вратено на теренот, па Виолетовите вечерва без него ќе мора да продолжат против актуелниот италијански првак.

Интер со евентуална победа ќе се искачи на првото место на табелата, каде моментално е тимот на Наполи. Доколку Фиорентина победи, тимот од Фиренца ќе скокне на четвртата позиција во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести