Еден од најскапоплатените фудбалери во Премиер лигата, Кевин де Бројне, од вчера е во Белград, каде што пристигнал од Хрватска. Ова е ненадејна, но многу важна посета на Де Бројне во Србија.
Белгискиот репрезентативец има големи проблеми со повредата поради која едноставно не може да се врати во старата препознатлива форма, кога беше еден од најдобрите фудбалери во светот.
Де Бројне во Белград пристигнал преку Осиек, и тоа за да побара помош од светски познатата докторка Маријана Ковачевиќ. Тоа е докторката која успеала да помогне на голем број светски спортски ѕвезди кои имале тешки повреди, а сега токму ѕвездата на Манчестер сити има потреба од докторка Маријана.
Ковачевиќ е позната по своите чудесни методи на лечење, а помош од неа побарале и Новак Ѓоковиќ, Лука Модриќ, Иван Перишиќ, Јошко Гвардиол, Диего Коста, Робин ван Перси, Франк Лампард…
Кога се работи за регуларните третмани кај докторка Маријана, 10 терапии чинат околу 5.000 евра.
„По моите третмани, мускулот е целосно нов. Нема траги од претходната повреда. Бидејќи мускулот целосно е обновен, тоа значи дека нема лузна, фиброза, нема шанса да се повтори таа повреда. По завршување на методата, се прави снимка за да се потврди дека мускулот целосно е регенериран. Терапиите се толку многу силни што еден час терапија е замена за една недела лечење со кој било друг метод во светот. Тоа значи дека ако мора еден месец да мирува, целиот проблем се решава за четири часа“, од претходно има објаснето Маријана.
Сега останува да се види дали докторката во Белград ќе може да му помогне на Де Бројне.