Посебно примамливи се денешните Квоти на денот во Sport Life затоа што ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент е 63.51. Тоа значи дека само со 100 вложени денари, потенцијалната добивка е 6.351 денари.
Реал Сосиедад ја пречекува Осасуна во Купот на Шпанија и тука се очекува победа на домаќинот, но потребно е да има барем и еден погодок во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.20.
Базел и Луцерн играат во дербито на Швајцарија, а опцијата е да се одигра на голови и тоа да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот од средбата да биде 3+. Оваа комбинација се вреднува со 2.05.
Антверпен и Андерлехт треба да одиграат со погодоци на двете страни, а потребно е да има барем и два гола во вториот дел за да биде добитен коефицинетот со 2.55.
Ливерпул е апсолутен фаворит за победа против Тотенхем и опцијата е домаќинот на „Енфилд роуд“ да води уште на полувремето и да победи на крајот, а на средбата да има меѓу два и пет гола. Комбинацијата за оваа опција е со вредност од 2.35.
Барселона гостува во Валенсија и каталонскиот гигант треба да победи, а на крајот да бидат постигнати меѓу два и четири гола за да биде добитна квотата од 2.35.