Денеска започнува Светското првенство во скијање, ќе има една нова дисциплина

Светското првенство во скијање започнува денеска, а отворањето ќе биде со супервелеслаломот кај жените на патеката во Салбах, Австрија. Како главни фаворитки за освојување на златниот медал во првата дисциплина се Лара Гут и Федерика Брињони, двете скијачки кои се во одлична форма.

Интересно е дека на ова Светско првенство и тоа на денешната трка ќе настапи и некогашната најдобра скијачка Линдзи Вон, која иако веќе има 40 години, се наоѓа на седмото место според квотата за освојување на златото.

На ова Светско првенство ќе има и една нова дисциплина, а тоа е тимската комбинација која ќе ја сочинуваат една трка во спуст или супервелеслалом и една трка во слалом. Во оваа тимска дисциплина ќе учествуваат двајца скијачи или скијачки и секој ќе има право да вози на по една трка. Репрезентациите ќе може да пријават максимум четири постави.

Меѓународниот скијачки сојуз објави дека златниот медал на Светското првенство ќе се наградува со 57.600 евра, среброто вреди 36.000 евра, а бронзениот медал 21.600 евра. Парична награда ќе има и за четвртото место (14.400), петото место (8.640) и шестото место, кое ќе се наградува со 5.760 евра.

- Оглас -

Најнови вести