Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Новиот селектор на младинскиот национален тим, Горан Станиќ, со своите избраници доби тешка група во која се наоѓаат Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Квалификациите ќе стартуваат во март 2025 година, а треба да завршат во октомври следната година. Домаќини на ова ЕП ќе бидат Албанија и Србија, кои директно обезбедија место на завршницата.