Манчестер јунајтед и официјално потврди дека Лисандро Мартинес има тешка повреда

Манчестер јунајтед со објава на социјалните мрежи потврди дека повредата на Лисандро Мартинес е сериозна и дека страдале вкрстените лигаменти на Аргентинецот. Тој се повреди на мечот против Кристал палас (0-2).

„Манчестер јунајтед може да потврди дека Лисандро Мартинес заработи повреда на вкрстените лигаменти на натпреварот против Кристал палас во неделата. Проценката на повредата е во тек и дополнително ќе се одреди соодветниот начин на лекување и времето на закрепнување. Сите во Манчестер јунајтед му посакуваат сила на Лисандро Мартинес за успешно закрепнување. Ние ќе го поддржиме на секој чекор“, се вели во објавата на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести