Голема неодлучност за три меча од Спортската прогноза, еден натпревар сигурно завршува „икс“

Почетокот на новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, се ближи, па така сè повеќе играчи ги пополнуваат своите типови.

Она што може да се забележи е големата неодлучност за три натпревари, два од Ла Лига и еден од Бундеслигата. Играчите на Спортската прогноза имаат поделено мислење за дуелите помеѓу Селта Виго и Бетис, односно Алавес и Хетафе, од Ла Лига, како и за мечот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт од Бундеслигата.

Интересен е и фактот дека за мечот помеѓу Ст. Етјен и Рен од француското првенство повеќе од 50% од типувачите веруваат дека нема да има победник и дека мечот ќе заврши нерешено.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести