Остра реакција на Ал-Наср: Тоа е одвратно смешно лажна вест!

Фудбалскиот клуб Ал-Наср остро ги негираше информациите дека нивниот нов играч Џон Дуран живее во Бахреин и за да стигне на тренинзи, секој ден патува по 500 километри во еден правец за да може да живее со девојката, а според исламските закони во Саудиска Арабија, забрането е да живеат ако не се во брак.

Колумбискиот напаѓач дојде од Астон вила во трансфер вреден 77 милиони евра.

„Сите сме слушнале за она што се нарекува „лажни вести“, но ова се одвратно смешни лажни вести! Среќни сме што нашиот клуб има толку големо значење. Џон го сака Ријад и неговата куќа е блиску до клубот и стадионот. Тој е наш нов член на семејството“, напишаа од Ал-Наср.

Останува отворено прашањето дали Дуран живее во Ријад сам или со девојката. Ако е сам, тогаш точно е тоа што го тврдат од Ал-Наср дека живее таму, но веројатно точно е и дека патува до Бахреин за да се види со саканата.

- Оглас -

Најнови вести