Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал прави големи пари и како пензионер. Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, легендарниот тенисер заработил дури 94 милиони евра од продажба на 45 отсто од акциите во неговата академија во Мајорка.
Уделот на Надал преминал во рацете на инвестицискиот фонд „ГПФ“. Засега не се знае што точно ќе значи сето ова и какви се плановите за академијата.
По завршувањето на долгата и успешна кариера, Надал реши да се посвети на бизнисот, а се чини дека првата голема инвестиција што ја направи беше доста успешна. Интересен е и податокот дека Надал во целата играчка кариера од турнири има заработено 135 милиони долари.
Според најновите годишни сметки поднесени во Регистарот на компании, во 2023 година приходот на тениската академија на Надал паднал за 39,9% и изнесува 21,95 милиони, во споредба со повеќе од 36 милиони евра на крајот на 2022 година.