Пресметката помеѓу Лос Анџелес лејкерс и Голден стејт вориорс ќе биде во центарот на вниманието меѓу љубителите на НБА-кошарката иако овој двобој ќе биде осиромашен со неприсуството на Лука Дончиќ, кој е повреден и уште не е спремен за деби во дресот на Езерџиите, кај кои дојде во размената со која Ентони Дејвис се пресели во Далас.
Ќе го нема Словенецот, па во фокусот ќе биде надигрувањето на суперѕвездите Леброн Џејмс и Стеф Кари.
Далас вечерва гостува кај првакот Бостон, а според квотите во Sport Life, единствен од шесте меча на којшто фаворити се гостите е оној помеѓу Минесота и Хјустон. Секако, тука е и понудата на играчи за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат.