Бронзена статуа на напаѓачот на Ал-Наср и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, беше откриена на „Тајмс сквер“, централниот плоштад на Менхетен во Њујорк.
Споменикот висок 3,6 метри го изработи Италијанецот Серџо Фурнари направен во форма на фудбалерот во дрес на португалската репрезентација со показалецот поставен на усните. Ова беше направено во чест на 40-тиот роденден на фудбалерот, кој е најдобар стрелец во историјата.
Насобраните фанови на плоштадот го скандираа името на фудбалерот и го извикуваа познатото „Сиууууу“ со кое тој ги прославува головите.