Валенсија губи со 0:4 на полувреме од Барселона во меч од четвртфиналето во Купот на Шпанија. На голот на Валенсија е Столе Димитриевски кој не може да го сопре дебаклот на својот тим.
Барселона нема милост и поведе по само три минути игра кога Феран Торес погоди за 1:0.
Истиот играч беше прецизен и во 17 минута кога погоди за 2:0.
Тука не сопреа нападите на гостите, па во 23 минута дојде редот на Фермин Лопес да погоди за 3:0.
Феран Торес единставно беше незадржлив во првото полувреме, па во 30 минута стигна до хет-трик.Барселона поведе со 4:0, а Димитриевски по четврти пат за само половина час ја вадеше топката од својата мрежа, нешто што сигурно никогаш претходно му се нема случено на македонскиот репрезентативен голман, да прими четири гола за само половина час игра.
Дел од навивачите на Валенсија неможејќи да го следат ова понижување на нивниот тим, решија да си заминат од стадионот.
Пред само 11 дена Барселона на „Камп Ноу“ со 7:1 ја победи Валенсија во првенството. Сега на „Местаља“ останува уште едно полувреме да се види колкава ќе биде разликата на крајот.