Ливерпул го прегази Тотенхем за финале во Лига купот (Видео)

Ливерпул чекори силно кон трофеите оваа сезона. Тимот на Арне Слот ќе игра во финалето на Лига купот, откако го прегази Тотенхем со 4-0 на „Енфилд“, лесно надоместувајќи ја негативата од 0-1 по првиот меч.

Во финалето на „Вембли“, Ливерпул ќе ги одмери силите со Њукасл.

Коди Гакпо го отвори резултатот во 34-та минута, а Мохамед Салах од пенал зголеми на 2-0 на почетокот на вториот дел.

Собослаи го постигна третиот гол во 75-та минута, а пет минути подоцна погоди и Вирџил ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести