Валенсија комплетно немоќна, Барселона оди меѓу четирите најдобри во Купот

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и неговите соиграчи од Валенсија немаа убава вечер на дуелот против Барселона (0-5) во Купот на Шпанија. Нашиот интернационалец беше на голот, но прими пет гола од расположениот состав на Ханси Флик.

Хоророт почна веднаш, Феран Торес погоди уште во втората минута, а за половина час дури четирипати ја тресеше мрежата на Столе Димитриевски.

Во вториот дел во листата на стрелци се запиша и Ламин Јамал.

Барселона имс е придружи на Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и на Реал Мадрид во полуфиналето на Купот на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести