Јокиќ воодушеви со нов трипл-дабл, Леброн Џејмс од денес е и најмлад и најстар кошаркар со над 40 поени (Видео)

Леброн Џејмс од денес е и најмлад и најстар кошаркар во НБА-лигата кој успеал да постигне над 40 поени на еден натпревар. Кошаркарот на ЛА лејкерс со 40 години, еден месец и осум дена успеа да уфрли 42 поена во победата на неговата екипа над Голден стејт со 120-112 и така да го надмине рекордот на Мајкл Џордан, кој со 40 години и осум дека постигна 43 поени.

Воедно и рекордот за најмлад кошаркар кој ја минал границата од 40 поени е во сопственост на Леброн Џејмс. Тој на 19 години и 88 дена постигна 41 поен против Њу Џерси нетс.

Никола Јокиќ од нов трипл-дабл го предводеше Денвер до победа над Орландо од 112-90. Србинот го заврши мечот со ефект од 28 поени, 10 скока и 12 асистенции, но голема поддршка имаше и од Портер, кој уфрли 30 поени и беше најефикасен на паркетот.

Резултати:

Бостон – Далас 120-127
Минесота – Хјустон 127-114
Денвер – Орландо 112-90
ЛА лејкерс – Голден стејт 120-112
Портланд – Сакраменто 108-102
ЛА клиперс – Индијана 112-119

- Оглас -

Најнови вести