Продолжението од прекинатиот меч помеѓу Фиорентина и Интер имаше неочекувана разврска, па бодовите останаа во Фиренца. Наполи и Интер сега се израмнија според одиграните натпревари, но екипата од Неапол има предност од три бода на врвот од Серија А.
„Не влеговме добро во натпреварот и практично бевме отсутни. Заслужено загубивме. Им честитам на Фиорентина за победата. Доцна реагиравме на нападите на Фиорентина, иако имаше предупредувачки знаци за тоа и пред паузата. Одговорноста е моја. Ќе анализираме што се случи, но сигурно нема да правиме драми. Не барам изговори, вистината е дека не бевме на потребното ниво“, рече тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, по поразот во Фиренца.