Следниот викенд почнува вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија. Горазд Михајлов ќе има трет предизвик во истиот шампионат. Стартуваше на кормилото на Вардар, но брзо замина во Брера, а во текот на зимската пауза го прифати предизвикот да седне на клупата на дебитантот Беса.
„Нов предизвик, брзо се договоривме со раководството на Беса и целта е јасна. За клубот што првпат во историјата игра во Првата лига да обезбеди опстанок е рамно на освојување титула. Веруваме во тоа затоа што имаме квалитетен тим составен од искусни фудбалери, добро се засиливме и во овој зимски преоден рок и мислам дека одработивме одлични подготовки. Останува уште глазурата во текот на овие 7-8 дена и потоа нека почне првенствената битка“, вели Горазд Михајлов, новиот тренер на Беса.
Оваа сезона е специфична во ПМФЛ бидејќи ниту еден тим посебно не се издвојува според квалитетот, односно е апсолутно неизвесно затоа што секој може да победи секого.
„Се согласувам и веројатно тоа е добро за лигата. Сите екипи имаат свој квалитет и во даден момент секој може да победи секого. Тоа не дава простор за опуштање, во секој натпревар мора да се влезе максимално и со целосен фокус. Пролетниот дел од сезоната очекувам да биде уште понеизвесен затоа што секој бод ќе биде многу важен за секој од тимовите. Ние сме подготвени и очекуваме жестока битка“, истакнува Михајлов.
Горазд не е страстен обложувач, но секако дека го следи со внимание европскиот фудбал. Тој ќе се обиде и да го погоди хуманитарниот тикет во Sport Life и со евентуалната добивка да помогне таму каде што е најпотребно во моментот.
„И тоа ни е дел од работата нам тренерите. Да го следиме европскиот фудбал и да се обидеме да извлечеме некоја поука, потоа да се обидеме да внесеме и некоја новина во нашиот домашен фудбал. Реал и Атлетико играат во градското дерби, тоа мора да се гледа, а верувам дека ќе слави Кралскиот клуб. Се надевам дека ќе бидам успешен прогнозер“, истакнува Горазд Михајлов, кој состави хуманитарен тикет од шест натпревари.
![](https://sportmanija.mk/wp-content/uploads/2025/02/humanitaren-tiket-1.jpg)