Фудбалскиот меч Македонија – Италија ќе се игра во Битола!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во „Куќата на фудбалот” оствари средба со битолските и со македонските фудбалски величини, Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски.

„Разговараа за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот. Од развој на младите до гордоста на Битола, ФК Пелистер, сè до стадионот „Тумбе кафе” како база за младите македонски репрезентации.

Во соработка со градоначалникот на општина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на ФФМ е Битола и „Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година! Битола на нозе! 9 септември, Македонија – Италија.

Минатото и сегашноста обединети за иднината на македонскиот фудбал“, објавија од ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести