Одермат го освои светското злато во супер-џи

Швајцарскиот ас Марко Одермат уште еднаш ја потврди својата доминација во алпското скијање освојувајќи ја титулата светски шампион во супер-џи на Светското првенство во Залбах.

Одермат ја помина целната линија со време од 1:24,57 минути, една секунда побрзо од Австриецот Рафаел Хасер, кој заврши како втор, и 1,15 секунди пред Норвежанецот Адријан Смисет Сејерстед, кој го освои бронзениот медал.

Ова е прв светски златен медал за Одермат во супер-џи иако со години е водечко име во оваа дисциплина. Тој веќе има освоено два мали кристални глобуса во супер-џи во претходните две сезони, а сезонава доминира и во Светскиот куп.


Како трикратен последователен освојувач на Големиот кристален глобус, ова злато само го потврдува неговиот статус како најдобар скијач на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести