Повеќе од 20 години трае ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо и дебатите за тоа кој е подобар фудбалер. Реномираниот спортски портал „FourFourTwo“, направи рангирање на најдобрите 100 играчи во историјата на фудбалот.
Во ова ранирање Меси е прогласен за најдобар, а Роналдо е дури на четвртото место. Пред Португалецот, а веднаш зад Меси се Пеле (Бразил) и Диего Армандо Марадона (Аргентина). Роналдо е четврти, а во Топ 10 има место уште и за Јохан Кројф (Холандија), Роналдо (Бразил), Зинедин Зидан (Франција), Франц Бекенбауер (Германија), Алфредо ди Стефано (Шпанија) и Марко ван Бастен (Холандија).
Рангирањето на 100-те најдобри може да го видите ТУКА.