Мексиканците поради Рамос менуваат едно правило, легендата откри зошто решил да игра во Монтереј

Повеќе од половина година Серхио Рамос го бараше својот нов клуб и конечно го најде и тоа во Мексико. Легендарниот дефанзивец потпиша договор со тимот на Монтереј. Тоа ќе биде четврти клуб во кариерата на Рамос кој претходно има настапувано само за Севилја, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Рамос во Мексико ќе го носи дресот со бројот 93. Ова ќе биде прв пат Рамос да го носи овој бројна дресот, но тој број има посебно значење за него. додека играше во Реал Мадрид, Рамос во едно финале против Атлетико Мадрид даде гол со глава во 93 минута и израмни на 1:1, спасувајќи го Кралскиот клуб од пораз. На тој меч, Реал по продолженија победи со 4:1 и стигна до европската титула.

Токму поради тој гол во 93 минута, Рамос на главата го има истетовирано бројот 93, а сега реши да го носи и на дресот во Монтерај. ВО Мексико правилото е фудбалерите да може да одберат дресови со бројки од 1 до 35, но во случајот на Рамос е направена остапка и промена на правилото.

„Ова е најважниот потпис во историјата на Монтереј“, гордо коментираше претседателто на клубот Хосе Нориега.

Монтереј е клуб на корпорацијата „Фемсе“ која низ целиот свет има 400.000 вработени, а најпозната е по тоа дека е најголем производител на Кока-кола во светот. Монтереј е дури на 11 место на табелата во првенството на Мексико, но Рамос верува дека може да има успешна сезона.

„Ја познавам културата и традицијата затоа што имам многу добри пријатели во Мексико. Во оваа земја сум патувал и претходно. Не го познавав Монтереј, но структурата на клубот, амбициите, целите се работи кои на крајот ми даваат рамнотежа што ја барав. Започнуваме еден многу амбициозен проект и верувам дека сите ќе бидеме многу задоволни“, рече Рамос.

 

- Оглас -

Најнови вести