ПСЖ ваква среќа немал досега, играат четвртфинале, а за ривал добија аматери од четврта лига

Бранителот на трофејот ов Купот на Франција, екипата на Пари Сен Жермен го доби веројатно најлесниот ривал во последните неколку децении што го имал, посебно кога се работи за меч од четвртфинале на едно натпреварување.

Во Купот, ПСЖ ќе игра против четвртолигашот Стад Бриошан. Тоа е тимот кој направи големо изненадување откако во претходната фаза го елиминираше тимот на Ница, па сега како за „награда“ го доби убедливо најсилниот тим во Франција.

Дополнителен кејф за аматерите од Стад Бриошан е тоа што против францускиот првак ќе играат на домашен терен, а мечот ќе се игра на 25 или 26 февруари.

- Оглас -

Најнови вести