Динамо Загреб без многу мака со 3:0 го победи Шибеник во дуел од 21 коло на хрватското првенство. Во стартниот тим на Динамо и тоа со капитенската лента на раката беше Стефан Ристовски.
При резултат од 1:0, Ристовски беше дел од троструката измена што ја направи тренерот на Динамо, Фабио Канаваро. Легендарниот италијански дефанзивец од неодамна е нов тренер на Динамо, а очигледно дека со трите замени во 59 минута, сакаше да ја освежи играта и да го подобри темпото, што и се случи, па Модрите до крајот постигнаа уште два гола.
При напуштање на теренот, Ристовски покажа дека е незадоволен што излегува од игра. По мечот, тренерот Канаваро беше запрашан дали Ристовски му подал рака да се поздрави или не.
„Не, не, ми подаде рака. Д не ми подадеше, ќе го убиев, ха ха. Но, го скрши шишето, кое ќе мора да го плати. Ристоввски е голем професионалец, се е добро меѓу нас. Сакам кога играчите така се чувствуваат кога ќе бидат извадени од игра“, рече Канаваро.