Јувентус славеше на гостувањето кај Комо со 2:1, во меч од 24 коло на Серија А. Со оваа победа Старата дама стигна до 43 бодови и се искачи на четвртото место на табелата со 43 бодови. Комо остана на 22 бодови и е на 15 позиција во првенството.
Херој на Јувентус е новото засилување Коло Муани. Фудбалерот кој дојде од тимот на Пари Сен Жермен ги постигна двата гола и е најзаслужен за победата на гигантот од Торино.
Францускиот репрезентативец првата радост за гостите ја донесе во 34 минута кога погоди за 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Комо брзо возврати па со голот на Диао израмни на 1:1 на полувреме.
Во второто полувреме делуваше дека мрежите ќе мируваат, но во 89 минута беше досуден пенал за Јувентус, а одговорноста ја презеде Коло Муани кој погоди за 2:1 и победа на гостите. Пеналот може да го видите ТУКА.
За Коло Муани ова е трет меч во тимот на Јувентус, а веќе има пет погодоци. Освен овие два гола, тој два пати погоди во победата над Емполи од 4:1, а даде гол и во поразот од 2:1 на гости кај Наполи.
Во последните 30 години, Коло Муани е првиот играч кој постигнал пет голови во првите три меча во Серија А.