Баерн Минхен победи со 3:0 против Вердер во првиот меч од 21 коло на Бундеслигата. Баварскиот гигант беше голем фаворит пред мечот, но Вердер речиси еден час даваше отпор и резултатот беше 0:0, а потоа се во свои раце реши да земе Хари Кејн. Англискиот репрезентативец се избори за пенал, а потоа самиот ја превзема одговорноста и постигна гол од белата точка. Овој гол може да го видите ТУКА.
Да нема возбудувања до самиот крај се погрижи Лирој Сане. Тој во игра влезе во 81 минута, а неколку десетина секунди подоцна постигна гол за 2:0. Во последните моменти од мечот, Кејн со својот втор погодок од пенал ги постави конечните 3:0.
Со оваа победа Баерн само потврди дека е главен фаворит за титулата во Бундеслигата и моментално има 54 бодови, дури девет повеќе од Баер Леверкузен кој утре гостува кај Волфсбург.