Манчестер јунајтед го победи Лестер со 2:1 во 16-финалето од ФА Купот во Англија. Победата на Црвените ѓаволи е со пресврт во второто полувреме, а херој е Хари Мегваер.
Некогашниот играч на Лестер го даде голот за победа на Манчестер и тоа во 90+3 минута.
Гостите водеа на полувреме, а пресвртот на Манчестер го најави Зирке со гол во 68 минута, за да во последните моменти од мечот се случи делириум на „Олд Трафорд“.