Да имаше ВАР, голот за победа на Манчестер ќе беше поништен, Ван Нистелрој е многу лут (Фото+Видео)

Манчестер јунајтед се пласираше во осминафиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот, ФА Купот. Црвените ѓаволи со 2:1 го победија Лестер и тоа благодарение на голот на Хари Мегваер, буквално во последните моменти од мечот.

Се играше третата  минута од продолжението кога беше досуден фаул за Манчестер, а Бруно Фернандеш го изведе прекинот. Центаршутот беше одличен, а Мегваер со глава погоди за 2:1. Сепак, снимката покажува дека при центаршутот можно е Мегваер кој беше последен во низата наредени фудбалери, да е во офсајд позиција.

Помошникот судија не реагираше, Мегваер постигна гол и веднаш беше признат затоа што во 16-финалето од ФА Купот не се користи помош од ВАР технологијата.

По завршување на мечот, тренерот на Лестер, а некогашен голгетер на Манчестер јунајтед беше многу лут и го коментираше погодокот на Мегваер постгнат во судиското надополнување, време кое на „Олд Трафорд“ се нарекува „ферги-тајм“, во чест на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

„Не бевме поразени со гол во „ферги-тајм“, туку со гол постигнат во „офсајд-тајм“, револтирано коментираше Ван Нистелрој по поразот на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести