Аморим призна: Да имаше ВАР, голот ќе ни беше поништен!

Манчестер јунајтед со гол од офсајд позиција го совлада Лестер со 2-1 во драматичниот дуел од англискиот ФА куп, а се разбира после мечот, погодокот на Хари Мегваер (некогашен играч на Лисиците) во финишот предизвика најголеми реакции.

Менаџерот на Лестер, Руд Ван Нистелрој, кој е легенда на Ѓаволите од Манчестер, рече дека голот не бил во „Ферги тајм“ (судиското продолжение го нарекуваа време на Ферги бидејќи кога Фергусон беше менаџер на тимот, многу често даваа голови во завршните минути), туку во „Офсајд-тајм“.

Според Руд, во ВАР се гледаат и мерат милиметри, а ова било „половина метар“ и  видливо со голо око дека е офсајд, па линискиот судија морал да види дека Мегваер е во недозволена позиција.

Се огласи и менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, кој призна дека линискиот судија згрешил.

„Да имаше ВАР, голот немаше да биде признат. Мислам дека е важно да се има ВАР бидејќи е фер. Тешко е да се загуби меч со гол од офсајд. Но, и ние заслужуваме малку среќа“, рече Португалецот.

Во оваа фаза од ФА Купот нема ВАР технологија, и одлуките ги носат официјалните лица на терен.

- Оглас -

Најнови вести