Глума на годината, а судијата покажа црвен картон и не гледаше ВАР (Видео)

Порто и Спортинг одиграа 1-1 во интересно дерби од португалската фудбалска лига, и со тоа на некој начин во 94-та минута кога Порто израмни беше спасена лигата, бидејќи ако победеа гостите, тешко дека некој ќе ги запреше на патот до титулата.

Откако Порто даде гол за 1-1, длабоко во судиското продолжение и судијата реши да прави шоу. Исклучи двајца играчи на Спортинг, а она на Диоманде беше тотално неоправдано и го остави Спортинг со деветмина играчи.

Додека Порто се спремаше да изведе корнер, Диоманде водеше битка за простор и се туркаа со Витор Гомес. Потоа Диоманде само ја потпре главата на челото на противничкиот играч, не го удри, а Бразилецот падна на земја како да го погодил гром. Судијата очигледно не виде што се случи и додели црвен картон, шокирајќи ги сите во гостинскиот тим. Немаше реакција од ВАР собата.

- Оглас -

Најнови вести