3003 Емполи – Милан (18.00 часот)
Емполи освои само еден бод во последните четири кола и има само бод повеќе од зоната која носи испаѓање, а Милан победи двапати во истиот период. Милан е фаворит за победа, а со евентуален триумф, барем привремено би ја прескокнал седмопласираната Болоња. Росонерите губеа од Јуве и Динамо Загреб на последните две гостувања и ова им е шанса да им се вратат на победите надвор од „Сан Сиро“. Традицијата вели ова ќе биде „двојка“ и дека Милан ќе постигне барем три гола како што беше на нивните последни три посети на стадионот во Емполи.
Предлог тип: 2 & Т2 2+ (1.99)
1807 Б. Менхенгладбах – Ајнтрахт (18.30 часот)
Тимот од Франкфурт е трети на табелата и има осум бодови повеќе од Борусија, но во последните две кола тимот од Менхенгладбах победуваше, додека Ајнтрахт кој зимава остана без својот голгетер Мармуш, ремизираше во тие две рунди. Менхенгладбах има само три ремија во досегашните 20 кола, а лани во мај кога овие два тима последен пат се сретнаа во Менхенгладбах, средбата заврши нерешено. Есеноска во Франкфурт, Ајнтрахт победи со 2-0.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.75)
1305 Реал М. – Атлетико М. (21.00 часот)
Ова е големо градско дерби во кое Кралскиот клуб го брани првото место на табелата и сака да се извади за киксот во минатото коло. Атлетико има само два порази сезонава , ја имаат најдобрата одбрана во лигата и целта им е да останат непоразени на „Бернабеу“. Последните два меѓусебни дуели во Ла Лига на мадридските гиганти завршуваа нерешено, со тоа што на двата меча Атлетико во судиското продолжение постигнуваше голови со кои се спасуваше од порази. Реал има проблеми со одбраната бидејќи повредени се Алаба, Ридигер, Милитао и Карвахал. Реал дома не го победил Атлетико уште од декември 2021 година, a Атлетико не победил како гостин против Реал од 2016 година.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)
1131 Брајтон – Челзи (21.00 часот)
Ова е меч од 16-финалето на англискиот ФА куп. Морските галеби викендов претрпеа дебакл во Премиер лигата кога загубија 0-7 од Нотингам форест, додека Сините од Лондон се во подобро расположение откако со пресврт го победија градскиот ривал Вест Хем. Последните три меѓусебни дуели на овие два тима во Премиер лигата беа ефикасни, со обложувачки речник кажано, дуелите беа со ГГ и 3. Челзи редовно го победува Брајтон на последните четири меѓусебни мечеви, а нерешено не било уште од 2022 година. Последната победа на Брајтон дома беше на пред три месеци.
Предлог тип: Х2 & Т2 2+ (2.01)
1633 Феенорд – Спарта (21.00 часот)
Феенорд е голем фаворит во ова ротердамско дерби, иако Спарта која се бори за опстанок е во налет, има серија од четири меча по ред без пораз, а Феенорд не знае за победа четири кола едноподруго и отпишан е од трка за титулата и за место во ЛШ. Спарта 25 години не победила на гости против Феенорд, на последните четири гостувања на „Де Кајп“, Спарта не успеа да постигне ни гол против градскиот ривал. Во август кога Спарта беше домаќин во првиот ниве н дуел сезонава, средбата заврши 1-1.
Предлог тип: 1-1 (2.12)