Баерн Минхен ја продолжи победничката серија во германското првенство откако на домашен терен со 3:0 го победи Ведрер Бремен. Покрај тоа што се случуваше на теренот, интересно беше и на трибините каде домашните фанови на Баерн дадоа поддршка на навивачите на Вердер Бремен.
Симпатизерите на Вердер патуваа повеќе од 750 километри за да дојдат на ова гостување на „Алинац Арена“. Во Германија е голем предизвик да се пропатува толку долга релација кога е работен ден, кога метежот е многу голем.
За патување од Бремен до Минхен со воз потребно е најмалку пет часа, додека со автобус таа релација се поминува за дури 12 часови и тоа се е поради метежот кој се создава во работните денови како што беше в петок.
„Вердер Бремен: Петок во Минхен – петок во Фрајбург. ДФЛ непријателу на навивачите, сега е доста. Почитувајте го правилото 300 километри“, стоеше на паролата истакната од навивачите на Баерн Минхен.
Во Германија постои непишано правило како би се олеснило патувањето на гостинските навивачи, а тоа е дека во работен ден, релациите меѓу двата тима кои трба да играат да не е поголем од 300 километри, за да може гостинските фанови полесно да пристигнат на тој стадион.
Сепак, ова правило очигледно дека челниците на германската фудбалска федерација (ДФЛ) не го почитуваат, па така Вердер по вчерашното гостување во Минхен, го чека ново долго патување и тоа повторно во петок на 21 февруари кога ќе гостуваат на Фрајбург. Релацијата меѓу Бремен и Фрајбург е 731 километри.