Претседателот го отпушти легендата на Милан затоа што не го форсирал син му, но после три часа се случи пресврт

Неверојатна ситуација се случи во италијанскиот фудбал, а во главна улога беше некогашниот играч на Милан, Игнацио Абате. Легендата на Росонерите која одигра преку 300 меча во тимот на Милан, а потоа беше и тренер на У16 екипата и јуниорскиот тим на славниот клуб, сезонава е тренер во Тернана. Тоа е клуб кој игра во третата лига во Италија, а главна цел за Абате е да се обиде да го однесе тимот до Серија Б.

Тернана моментално е на второто место на табелата со само три бода помалку од лидерот Виртус Ентела, но и покрај добрите резултати, првиот човек на клубот е незадоволен. Како што јавуваат локалните медиуми, Абате добил отказ од Тернана и тоа само затоа што во составот не го вклучува Матео Д’Алесандро кој е син на претседателот на клубот, Тернанес.

Наводно имало договор  20-годишниот Д’Алесандро да биде даден на позајмица и да собира искуство во сениорскиот тим, но тоа не се реализирало. Абате добил отказ од претседателот Тернанес, што наило на реакција кај фудбалерите и луѓето од стручниот штаб.

Бил свикан итен состанок, а само три часа откако добил отказ, Абате е вратен на тренерската функција во Тернана.

- Оглас -

Најнови вести