Пеколен финиш на дербито: Порто израмни во 90+4, играчите на Спортинг збеснаа и добија два црвени картони (Видео)

Порто и Спортинг Лисабон одиграа нерешено 1:1 во дербито на 21. коло во првенството на Португалија. По ова реми, Спортинг сега има 51 бодови и останува лидер на табелата, додека Порто е трет со 43 бодови. Бенфика која има 44 бодови, со евентуална победа вечерва против Мореиренсе, може да се доближи до лидерот.

Спортинг може да жали што не ги освои трите бода на гостувањето во Порто, затоа што водеше со 1:0 до последните моменти од мечот. Во 90+4 минута Порто успеа да постигне гол и да израмни.

Тоа како да ги исфрустрира гостинските играчи кои до крајот на дуелот заработија два црвени картони. Исклучени беа Матеус Реис и Диоманде, а само присебноста на поголемиот дел од играчите на теренот не дозволи да има непосакуван хаос на крајот.

Пеколниот финиш на дербито може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести