Пред ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, вечерва е еден сериозен предизвик, првпат ќе игра против Атлетико Мадрид на Диего Симеоне и ова ќе му биде прво големо градско дерби откако есеноска во првиот дуел на Кралевите и Јорганџиите, не играше поради повреда.
Ниту како играч на Монако и ПСЖ, Мбапе немал прилика да игра против Атлетико, па вечерва ќе има многу мотиви да постигне гол и да му донесе победа на Реал. Во Sport Life, квотата за Мбапе да даде гол е 2.20.
„Ќе биде одличен натпревар. Првпат ќе играм вакво дерби. Со нетрпение очекувам да почне и да му помогнам на тимот. Се надевам дека ќе победиме. Ова е многу важен натпревар за нас и за сите навивачи на Реал Мадрид. Целта е секогаш иста: да победиме, уште повеќе што играме против Атлетико, и со ситуацијата што ја имаме во Ла Лига, каде што тие се блиску до нас. Мораме да победиме. Сигурен сум дека ќе има одлична атмосфера на Бернабеу, како и секогаш“, вели Мбапе.
Во Атлетико има неколку фудбалери кои му се пријатели на Мбапе, како на пример сонародникот Гризман.
„Мислам дека е полесно да играш против луѓе со кои имаш добар однос бидејќи знаат дека играме за да ги браниме боите на нашите клубови, никакво лично непријателство. После натпреварот ние пак сме пријатели, но во текот на натпреварот знаат дека ќе направам сè за мојот тим Реал Мадрид“, додава Мбапе.