Актуелниот англиски првак Манчестер сити со 2:1 победи на гостувањето во Лондон против Лејтон ориент и се пласираше во лседната фаза од ФА Купот. Пред средбата, гостите беа апсолутни фаворити, но на теренот не беше така.
Лејтон ориент кој е на средината од табелата во третата англиска лига изненадувачки поведе со 1:0 и тоа благодарение на спектакуларниот погодок со шут од речиси половина терен. Овој гол може да го видите ТУКА.
Домаќините одлично се бранеа до 56 минута кога Сити израмни со погодокот на Абдукодир Кушанов, интернационалецот од Узбекистан. За целосен пресврт се погрижи Кевин де Бројне со неговиот гол во 79 минута.