Баер Леверкузен киксираше, Борусија и со нов тренер претрпе пораз дома

Актуелниот германски првак Баер Леверкузен одигра без голови на гостувањето кај Волфсбург во меч од 21 коло на Бундеслигата. Ова реми може да се нарече како кикс за Фармацевтите кои сега имаат осум бода помалку од лидерот Баерн Минхен.

Шампионот едноставно немаше муниција па иако упати дури 14 шута кон голот на Волфсбург, само еден беше во рамките на голот и тоа го одбрани чуварот на мрежата на домаќините.

Борусија Дортмунд неодамна го назначи Нико Ковач за нов тренер, но и со новиот предводник Милионерите играат слабо. На својот „Сигнал Идуна Парк“, Борусија загуби од Штутгарт со 1:2.

Во првото полувреме немаше голови, а потоа следуваа два погодиц во мрежата на Борусија Дортмунд. До крајот на дуелот, Брант даде почесен гол, но не се спаси од пораз. Борусија Дортмунд остана на само 29 бодови и е на 11 место на табелата. Штутгарт со овој триумф стигна до 35 бодови и сега е на четвртото место во Бундеслигата.

Во останатите мечеви кои се ограа денеска: Фрајбург – Хајденхајм 1:0, Хофенхајм – Унион Берлин 0:4 и Мајнц – Аугсбург 0:0.

- Оглас -

Најнови вести