Хет – трик на Санцет, Атлетик Билбао сѐ посигурен во зоната за ЛШ

Атлетик Билбао ја оствари 12-та победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен ја победи Жирона со 3-0. Херој на триумфот беше Оихан Санцет кој постигна хет-трик на овој натпревар.

Бојан Миовски поради повреда не беше во составот на Жирон.

Санцет ја начна мрежата на гостите од пенал во 42-та минута, а три минути подоцна погоди уште еднаш и Атетик Билбао замина со комфорна предност на полувреме.

Во вториот дел, Санцет постигна и трет гол во 79-та минута комплетирајќи го својот хет-трик.

По овој триумф, Атлетик Билбао се зацврсти на четвртата позиција на табелата која води во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести