Имаше ли пенал за Атлетико? ВАР реагираше, судијата Сезар Сото Градо досуди најстрога казна (Видео)

Дербито на Мадрид меѓу Реал и Атлетико никогаш не може да помине без тензии и спорни ситуации, а веќе во првото полувреме се случи момент кој долго ќе се коментира. Чуамени го нагази Лино, следеше реакција од ВАР собата, по што судијата Сезар Сото Градо замина да го провери прекршокот и на крајот одлучи да додели пенал за Атлетико Мадрид.

Фудбалерите на Реал Мадрид жестоко реагираа, но одлуката беше донесена.

Хулијан Алварез во 35-та минута со „паненка“ го надмудри Тибо Куртоа од белата точка и донесе предност за Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести