Торино и Џенова одиграа 1-1 во вечерниот меч од Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на клупата за резерви на Торино, но сѐ уште не добива шанса да дебитира.
Торино поведе со автоголот на Мортен Торсби во последните моменти од првото полувреме.
Сепак, Џенова успеа да израмни во 68-та минута од мечот и освои еден бод.