Екипата на Брајтон со 2:1 го победи Челзи и се пласираше во осминафиналето од ФА Купот. Како ретко кога, Челзи е елиминиран од најстарото натпреварување уште во толку рана фаза, но лондончани едноставно немаа сили да парираат на домаќините.
А добро започна мечот за Челзи. По само пет минути игра, Палмер центрираше, а домашниот голман несмасно реагираше и си постигна автогол.
Тој автогол не ги разочара фудбалерите на Брајтон и брзо израмнија, кога Рутер со глава погоди за 1:1.
Пресвртот на Брајтон беше комплетиран во 57 минута кога Митома погоди за 2:1, а потоа Челзи беше немоќен да се спаси од пораз.