Симеоне вели дека Атлетико заслужил да го победи Реал, а потоа ја фалеше Барселона

Трет меч по ред играат со резултат 1:1, а дури седми пат во последните осум дуели меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, немаше победник по 90 минути игра. На „Сантијаго Бернабеу“, Атлетико поведе со гол од пенал во првото полувреме, а Реал израмни на почетокот на вториот дел.

Реал Мадрид имаше дури 23 шута кон голот на гостите од кои дури девет беа во рамките на голот. За разлика од Кралевите, Атлетико Мадрид имаше 10 шута кон голот на Реал и само еден беше во рамките на голот.

И покрај ваквата статистика, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне е убеден дека неговиот тим заслужил да победи и тоа го искоментира веднаш по дербито.

„Мислам дека заслуживме да победиме“, рече Симеоне, кој потоа коментираше и за трката за титулата, но и за одлуките на судијата на денешното дерби.

„Судијата во најголем дел од одлуките што ги донесе беа исправни. Дали ова ќе биде трка на три тима за титулата? морам да признаам, Барселона го има најдобриот тим во лигата. Ако победат утре, трката за титулата ќе биде многу израмнета“, додаде Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести