Турскиот гигант Фенербахче победи на гостувањето кај Аланијаспор со 0:2, а пред мечот се случи еден интересен момент. Додека фудбалерите на Фенербахче беа во клупскиот автобус, на улицата се појави млад навивач кој продолжи да трча по автобусот.
Тогаш, тренерот Жозе Мурињо му рекол на возачот на автобусот да застане и да го пушти навивачот внатре. Младиот навивач најпрво збунето седи до Мурињо, а потоа доби дозвола да се поздрави со сите фудбалери, да се фотографира со нив и да добие автограми.
Дефинитивно ова ќе биде момент што цел живот ќе го памти младиот навивач и тоа благодарение на Мурињо.