Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе има голем предизвик уште во нокаут-фазата за пласман во осминафиналето на елитното натпреварување. Кралевите утревечер ќе гостуваат кај Манчестер сити, а потоа реваншот ќе го играат на домашен терен.
Шпанскиот гигант се соочува со големи проблеми во составот, посебно во дефанзивниот ред. На последниот меч против Атлетико Мадрид се повреди Лукас Васкес, кој се приклучи на листата на која се и Карвахал, Милитао, Рудигер и Алба.
Како што пренесува весникот „Марка“, Реал Мадрид сезонава има голем проблем со повредите на фудбалерите. Од почетокот на сезоната се пријавени ури 36 повреди. Од нив, 26 се мускулни повреди, а 10 се трауматски.