Нејмар се врати во својот прв клуб во кариерата, екипата на Сантос, но по првите два меча на кои настапи јасно е дека бразилската ѕвезда е далеку од формата во која биле навикнати да го гледаат во минатото.
За првпат по повеќе од една година Нејмар беше стартер, и тоа гостувањето кај Новоризонтино. Одигра 75 минути, а потоа беше заменет, а мечот заврши без голови.
Очајна беше статистиката за играта на Нејмар, а навивачите на Сантос беа разочарани. Капитенот имал осум обиди да направи дриблинг и да помине противнички играч, а му успеало само еднаш. За 75 минути поминати на теренот имал дури 24 загубени топки, а не упатил ниту еден удар во рамките на голот на противникот.
Едноставно, овој Нејмар не е ниту бледа сенка од играчот кој пред 12-13 години блескаше во дресот на Сантос.