Гвардиола: Се надевам дека нема да ме исфрлат на улица

Манчестер сити ја има убедливо најлошата сезона откако е тренер Пеп Гвардиола. Тимот кој доминираше во последните четири сезони и ја освојуваше титулата во Премиер лигата сезонава се мачи да биде дури и во Топ 4 за да има обезбедено место за следната сезона во Лигата на шампионите.

Англискиот првак има голем предизвик и во Лигата на шампионите, каде што едвај ја помина групната фаза, а потоа за ривал во нокаут-фазата го доби актуелниот шампион во елитната лига на УЕФА, а тоа е Реал Мадрид.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше запрашан дали стравува дека може да добие отказ ако биде елиминиран од Реал Мадрид.

„Не се плашам. Не знам дали такви прашања добиваат, на пример, архитект, доктор или професор. Знам дека на некои стадиони викаат ‘утре ќе добиеш отказ’, но јас го немам тоа чувство. Останувам овде, и тоа благодарение на резултатите кои ги имав во претходните сезони. Ако не оди работата, тогаш ќе се поздравиме и ќе си заминам. Сепак, мислам дека нема да ме исфрлат на улица“, вели Гвардиола.

Шпанскиот стратег знае дека Сити ќе мора да го сопре ѕвездениот напад на Реал, во кој се: Винисиус јуниор, Родриго, Џуд Белингам и Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести