Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Најнголан неодамна беше уапсен под обвинение за трговија со дрога, а подоцна беше ослободен под одредени услови. Фудбалерот, кој е на залезот на кариерата во второлигашот Локерен-Темсе, го даде своето прво интервју за весникот Het Laatste Nieuws.
„Ме испрашуваа четири часа. Ми рекоа дека ќе ја поминам ноќта во притвор. Тоа беше како да го уапсив Пабло Ескобар, а јас немам никаква врска со оваа наркоприказна во која е вклучен еден мој пријател”, изјави поранешниот играч од средниот ред на Интер и Рома.
Најнголан беше уапсен поради поврзаност со трговија за дрога, а вели дека додека бил испрашуванј не добил ниедно такво прашање.
„Не ми поставија ниту едно прашање поврзано со дрога. Сакаа да знаат каков е мојот однос со дотичниот. Затворот беше искуство низ кое не сакам повторно да поминам. Ме прикажаа како дилер на дрога“, рече Најнголан.
Тој е многу контроверзна личност на теренот и надвор од него, а во 2021 година беше уапсен бидејќи го возел својот автомобил со голема количина алкохол во крвта и со 100 km/h во зона каде што е дозволено само 60 km/h.