Никола Јокиќ повторно блескаше со 40 поени против Портланд, а Денвер ја продолжи победничката серија со седми последовен триумф, што е најдолгa низa оваа сезона за Нагетс. Домашниот тим водеше во текот на целиот меч, а иако Портланд во еден момент намали на осум поени разлика, немаше реална шанса за пресврт.
Јокиќ заврши со 40 поени, осум асистенции и седум скока, а дополнително беше прогласен за играч на неделата на Западот со просек од 29,8 поени, 10,8 скока и 10,3 асистенции во четирите победи на Денвер.
NIKOLA JOKIĆ YOU CANNOT BE SERIOUS 🤯🤯
— NBA (@NBA) February 11, 2025
HITS THE TRIPLE FROM THE DEEP CORNER FADING OUT OF BOUNDS 🎯🎯 pic.twitter.com/fSKyJIE35h
Виктор Вембањама повторно доминираше против Вашингтон, постигнувајќи 31 поен и 15 скока. Францускиот центар започна силно со четири тројки од првите четири шутеви, но потоа не форсираше, завршувајќи со четири асистенции и три блокади. Дарон Фокс имаше најдобар натпревар откако пристигна во Спарс, постигнувајќи 30 поени. Кај Визардс најефикасен беше Тристан Вукчевиќ со 18 поени, но тимот немаше шанса – Сан Антонио отвори со 22-0 и покрај враќањето на Вашингтон до полувремето, немаа сили за целосен камбек.
Атланта славеше во Орландо предводена од Тре Јанг, кој постигна 11 од своите 19 поени во последната четвртина. Јанг имаше и осум асистенции и пет скока, а со оваа победа го прослави својот повик на Олстар викендот како замена за повредениот Јанис Адетокумбо. Кај Орландо, Франц Вагнер постигна 35 поени, додека Паоло Банкеро беше одличен со 31 поен, од кои 20 во третата четвртина.
Ендрју Вигинс дебитираше за Мајами со 11 поени, но тимот немаше никаква шанса против Бостон, кој ја продолжи својата серија на пет победи против Хит. Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 33 поени, додека Никола Јовиќ запиша 10 поени и осум скока за Мајами, но со слаб процент на шут.
Ламело Бол повторно се повреди, а Бруклин ја искористи неговата отсутност за да го совлада Шарлот. Хорнетс имаат скор 1-16 кога Бол не игра, а кога излезе од натпреварот, беа само на еден посед заостанување, но потоа лесно беа совладани.
Оклахома со рекордни 27 тројки го разнесе Њу Орлеанс. Дури 11-мина играчи на Тандер погодија тројка, а Шеј Гилџес-Александер беше најефикасен со 31 поен. Вигинс постигна 24, а Чет Холмгрен во својот втор меч по повредата запиша 12 поени, шест скока и пет блокади. Оклахома е на врвот на Западот со 43-9, додека Пеликанс се на дното само со 12 победи.
Стеф Кари постигна 38 поени и ги водеше Вориорс до победа против Милвоки, кој настапи без Јанис Адетокумбо. Џими Батлер додаде 20 поени, девет скока и шест асистенции во својот втор меч како „воин“. Кај Бакс, Демијан Лилард постигна 38 поени, но Милвоки направи дури 20 грешки, што гостите максимално го искористија.
Далас, иако ослабен, беше на чекор до победа против Сакраменто, но мечот во продолжение го реши Демар Дерозан со кош на две секунди пред крајот. Дерозан блескаше со 42 поена, додека Далас беше без Ентони Дејвис, Пи Џеј Вашингтон, Лајвли и Двајт Пауел, а во втората четвртина се повреди и Гафорд, оставајќи го тимот без центарска ротација. Домаќините беа предводени од Кајри Ирвинг со 30 поени, девет скока и седум асистенции, додека Клеј Томпсон погоди пет тројки.
Резултати: Кливленд – Минесота 128-107, Орландо – Атланта 106-112, Вашингтон – Сан Антонио 121-131, Бруклин – Шарлот 97-89, Мајами – Бостон 85-103, Милвоки – Голден Стејт 111-125, Оклахома – Њу Орлеанс 137-101, Далас – Сакраменто 128-129 (по продолжение), Денвер – Портланд 146-117, ЛА лејкерс – Јута 132-113.