Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази жалење кон својот колега од Фиорентина, Рафаеле Паладино, кој беше незадоволен од ВАР-системот по натпреварот меѓу двата тима. Причина за тоа беше погрешно досуден корнер во корист на Нероаѕурите, по кој тие дојдоа во водство.
Според Инзаги, судиите донеле погрешна одлука во таа ситуација, но тој исто така имаше забелешки и за пеналот досуден во корист на Виолетовите.
„Фиорентина има право да биде гневна. Јас исто така се чувствував по натпреварот со Баер Леверкузен, во кој ни дадоа гол по корнер, пред кој имаше офсајд. Не разбрав што се случи, но видов дека имаше некаква тензија. Го изгледав повторно и пеналот и сметам дека не требаше да биде досуден. ВАР не се вмеша и во дербито, кога можевме да победиме“, изјави Инзаги.
„Го разбирам Паладино бидејќи топката навистина беше излезена, но ВАР не може да се вмеша во таква ситуација. Сепак, повторно велам, и пеналот на Дармијан е спорен бидејќи тој беше на половина метар од противникот. ВАР тогаш се вмеша, но за мене тој пенал не требаше да биде досуден“, додаде тренерот на Интер.